Еко активисти против трка со моторни чамци во Охридско Езеро
Еко активисти против трка со моторни чамци во Охридско Езеро

Најавената трка со моторни чамци која во јули треба да се одржи во албанскиот дел на Охридското езеро во Подградец, го вклучи алармот на еколошките организации од двете земји кои бараат трката да се одложи поради негативниот импакт врз живиот свет и екосистемот. Според активистите одржувањето на трката ќе значи еколошка катастрофа за езерото.
„Доколку истата биде организирана се очекува да има емисија на повеќе од 1.639.089 килограми јаглероден диоксид во воздухот и езерото. Оваа количина на емисии, која ќе биде ослободена за неколку дена, е еквивалентна на емисија на стакленички гасови од 365 автомобили возени цела година. Тоа е огромна количина“, рече Константин Задравевски-претставник на невладините организaции.
„За нашите соседи ова би била можност за промоција на туризмот во Албанија, но за нас би било акт на насилство врз животната средина и Охридското езеро.Жално е што е краткорочните економски бенефити како овој настан го зголемуваат антропогеното влијание врз Охриодското езеро, односно нарушувањето на еко системот и забрзаното стареење“, изјави Орхидеја Тасевска -директорка на Хидробиолошки завод Охрид.
На петицијата за одложување на трката потпишани се активисти од педесетина граѓански организации, институции, универзитетски професори од Македонија и Албанија и таа ќе биде доставена до владата во Тирана.
„Ние рагиравме не само до албанската влада, туку и до парламентот. И сега интерпелација за министерката за животна средина за оваа иницијатива.Јас лично зборував со министерката на Албанија и таа не гледаше ништо негативно во оваа иницијатива. Сите институции, и невладини организации, универзитети се разочарани од оваа активности која треба да се организираат, а македонската страна не била ниту информирана“, додаде Аријан Мероли- еколошки активист од Албанија.
За трката, потребни се 4.300 м2 паркинг простор за да се сместат 43 тимови и стотина камиони, а стартната платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што е местото за гнездење на рибите.Настанот официјално е веќе најавен и на веб страницата на органиаторот./Алсат.мк
Мики Трајковски