ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еко кампања за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“

Еко кампања за управување со отпад „Преспа? Разбуди се за чиста средина“

Во Преспа денеска почна кампања за управување со отпад чија цел е да се поттикне одговорноста и подобрат практиките на локалното население за правилно постапување со отпадот.

Advertisements

Според градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, Преспа со години се соочува со проблеми во управувањето со отпадот – од несортиран отпад, преку диви депонии, до загадување на почвите и Преспанско Езеро.

-Влегуваме во чистење на 30 локации, но и на подигање на јавната свест за селектирање на отпад, компостирање и слично. Воедно сакам да ги замолам граѓаните да престанат да фрлаат ѓубре затоа што депонијата бесплатно може да ја користат, изјави градоначалникот Тозиевски.

Кампањата ја спроведува Институтот за комуникациски студии (ИКС) во соработка со Еко герила Преспа и Македонското еколошко друштво во Ресен. Преку неа треба да се подобри информираноста на населението за одделното собирање, преработката и правилното отстранување на отпадот, како и за штетните последици од негово неправилно управување.

-Истражувањата покажуваат дека главните извори на загадување се ниската еколошка свест, недоволната опременост и неефикасното собирање на отпадот. Со оваа кампања сакаме да иницираме промена во секојдневните навики на граѓаните и да ги мотивираме да станат дел од решението, нагласи Дејан Андонов од ИКС.

На еко настанот се приклучија млади активисти и волонтери, кои со помош на механизацијата на ЈКП „Пролетер“ учествуваа во чистењето на локација во близина на преспанското село Царев Двор, која често се користи за нелегално исфрлање отпад.

Кампањата „Преспа? Разбуди се за чиста средина“ ќе вклучува низа едукативни и практични активности, а се спроведува во рамки на проектот „Поттикнување на промени во однесувањето на граѓаните за подобрување на практиките за управување со отпадот во регионот Преспа“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button