ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Екологистите: Пожарите што беснееа на Галичица ќе доведат до секнување на водите што го полнат Охридското и Преспанското езеро

Екологистите: Пожарите што беснееа на Галичица ќе доведат до секнување на водите што го полнат Охридското и Преспанското езеро

Во пожарот кој повеќе од две недели беснееше на Националниот парк Галичица кај Охрид, изгореа 6000 хектари шума, од кои 4000 на албанска страна и 2000 на македонска страна, од кои дури две третини под заштита на УНЕСКО. Ова ќе предизвика големи последици не само врз животинскиот и растителен свет, но и воопшто врз природата, предупредуваат екологистите..

Advertisements

„Јас мислам дека ќе се соочиме со секнување на водите кои се вливаат во Охридското Езеро од планината Галичица. Ќе се намали голема количина на вода.И гранките и се сега изгореа и сите дождови кои ќе паднат, брзо ќе понираат и ќе се губат и изворите со тоа нема да биде активни. Тоа многу лошо ќе се одрази. Благодарение на тие извори од Галичица, ние сме го сочувале ова езеро. Ова езеро сме го зачувале во овој дел. Бидејки тие имаат стабилна пе ха вредност. И овој дел останал овде останал и не се создале големи пукнатини“, рече Лазо Наумоски-екологист.

Ваквата ситуација ќе се одрази уште повеќе врз Преспанското Езеро, кое и онака е во многу лоша состојба.

„Преспанското Езеро ќе се соочи со тотално уништување.После пожарите ќе се соочи со губење со доста вода. Не е за чудење, ако и ние бидеме сведоци на огромно намалување на водите од изворите од Свети Наум кои доаѓаат“, додаде тој.

На едно изгорено дрво после пожарите ќе му бидат потребни најмалку 25 до 30 години повторно да биде обновено и да почне со нов живот вели Наумовски. Инаку првичните анализи на Национални шуми покажуваат дека досега како резултат на пожарите се уништени најмалку 60000 хектари шума, а првичните штети на шумскиот фонд, односно на опожарената дрвна маса за сега се проценуваат на 1,5 милијарда денари./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button