Еколошки акции на Пивара Скопје во Охридскиот регион

Пивара Скопје информира дека спроведува серија еколошки акции во Охридскиот регион во рамките на својата долгорочна платформа за општествена одговорност. Станува збор за поставување на препреки на реките Сатеска и Даљан со цел да се запре влевањето на тврд смет во езерото. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на водата со отпад. Собраната амбалажа ќе се собира, селектира и рециклира. И во изминатите неколку недели беа организирани акции за чистење на Охрид, Струга и Дебрца.
„Благодарение на потрошувачите на Скопско кои се вклучија во иницијативата за издвојување на 1 денар од секое продадено стаклено шише Скопско и Скопско смут со посебна етикета, обезбедивме средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето, дното на Охридското езеро, како и активности за подигнување на свесноста. Скопско како бренд продолжува да ги инспирира луѓето да се обединат за подобора иднина бидејќи заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштиме од загадување она што е наша гордот, природните и културни обележја“, рече Душан Митрев-генерален директор на Пивара Скопје.