ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Економија се заканува со нови мерки ако трговците ги покачат цените

Според министерот за економија Бесар Дурмиши, преземените мерки од почетокот на годината, како ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи, дале позитивни резултати.

Advertisements

Тој рече мерките донеле стабилизација на цените и инфлацијата. Измерените податоци од статистика за инфлацијата на месечно ниво, бележат зголемување од 0,6% , што за министерот е практична нула.

Тој рече доколку цените на производите растат ќе воведат поригорозни мерки, а може и да се зголеми листата на производи за органичување на маржата.

„Може да ја прошириме листата на производи кои ќе бидат опфатени на ограничена маржа. На пример ова што го имавме сега како мерка, може да ставиме повеќе производи, може да го покачиме процентот на маржата, може да видиме кои се тие можности кој ќе биде буквално поригорозна мерка од она што го имаме сега. Ова го кажувам да ги известам, производителите, диструбитерите и трговците да не се однесуваат девијатно, да не ги покачуваат цените, без економска оправданост“, рече Дурмиши.

Но, ако погледнеме подетално во извештајот на Државниот завод за статистика, можеме да видиме дека пораст на трошоците за живот на годишно ниво има речиси во сите параметри.

Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %.

Државен завод за Статистика:

„Зголемување на храна и безалкохолни пијалаци за 1,47%

Пораст има и кај земјоделските производи 3,70%

Зголемување на облека и обувки за речиси 4%

Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива  за 2,25%

Мебел и покуќнина за 4.43 %

Здравствена заштита над 4%“

Дурмиши посочи дека Државниот пазарен инспекторат прави контроли кај трговците, дистрибутерите и производителите, а по анализа на нивниот извештај Министерството за економија ќе одлучи за следните чекори.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button