ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Економисти: Мерките на владата доволни „за гаснење пожари“

Мерките кои вчера ги донесе владата иако се краткорочни сепак во услови на криза ќе го стопираат драматичното поскапување на производите за кои се ограничи извозот. Дел од експертите кои ги контактираше Алсат сметаат дека владата треба посуштински да се потруди да им помогне на граѓаните во подобрување на куповната моќ. Во однос на производите кои сега се забранети за извоз, економистот Абињ Бауш вели дека негативни ефекти би можеле да имаат извозно ориентираните компании. Но, од друга страна, додава тој, владата се обидува на секој начин да придонесе за елиминирање на можноста за нов ценовен шок.

Advertisements

„Ова се краткорочни мерки мора да признаеме, и тие се мерки кои што се користат за брза намена односно „за гасење пожар“. Во овој случај ми се допаѓа тоа што се носат во период во кој се очекува зголемување на цените на овие производи. Значи, сега се реагира во еден период малку побрзо од претходните мерки кои се носеа од како нештата ќе се случат“, вели Бауш.

По серијата реакции на граѓаните дека огревното дрво поскапува со забрзано темпо, а исто се случува и со пелетите за греење, во вториов случај и ги нема на пазарот, од Владата решија да објават мерки со кои ќе се стави ред во продажбата на овие енергенси. Надлежните вчера ја укинаа царината за увоз на маслото за јадење од сончоглед. Дополнително, до крајот на годината се ограничува извозот на пченица и брашно од пченица со цел да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата.

„Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението“, наведоа од Владата.

Растот на цените во земјава не престанува, последните податоци се дека инфлацијата достигна раст од 14,5 отсто. Од Народната банка очекуваат стабилизација на цените по Нова година.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button