ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Економската криза ја продлабочи сиромаштијата кај многу семејства

Економската криза ја продлабочи сиромаштијата кај многу семејства

За последиците од економската и енергетската криза во земјава најдобро говорат празниот фрижидер и немањето греење во куќата на семејството Исени во скопското село Студеничани. 37-годишната Саиме Исени за Алсат раскажува за секојдневните тешкотии на ова семејство кое во моментов зависи само од социјалната помош. Животот станува уште потежок поради болеста.

Advertisements

Каква храна имате дома во моментов?

“Ништо, само една вреќа брашно. Докторот ми рече да ги пијам таблетите со јака храна, но немам. Понекогаш слабеам од таблетите, губам свест, ме болат нозете, немам пари за снимки да направам. Треба да се лекувам, ми треба добра храна и ако некој може, нека ми купи. Да имам здравје, леб и сол…ништо друго…”, рече Саиме Исени, жителка на село Студеничани.

Сега со овие поскапувања ситуацијата ви стана уште полоша…
Ти имаш и една ќерка, така?

“Да, имам, ќерката на деверот се грижи за мене затоа што сама не можам, двете нозе ме болат“, додаде Саиме.

Покрај цените за храната, шесте члена на ова семејство стравуваат и од зимата затоа што немаат дрва за греење.

Имате ли со што да се греете?

“Почнавме со оваа греалка, немаме ни дрва, кај е струјата, кај се дрвата, кај е храната, му купив млеко на детето, а немаме пари. Комшиите ни дадоа, купија млеко и ми дадоа. Јас сум катастрофа. Кога беше поевтино беше полесно, сега е многу скапо, маслото поскапе, брашното се е поскапо“, рече Шаби Исени, жител на село Студеничане.

Како што рекоа роднините на семејството, социјалната помош од околу 100 евра се троши за три дена. До следната помош, остануваат на милост и немилост на хуманите луѓе.

„Ќе земете 100 евра, а што попрво ќе правите со тие 100 евра? Ќе купам ориз шеќер, зејтин да приготвам јадење, ама и тие не се доволни, друго нема. Ако купиме нешто добро, ако не здравје, ќе седиме така. Внатре е ладно, надвор е малку потопло“, изјави Беким Исени, жител на село Студеничане.

Бојот на македонски граѓани кои живеат во екстремна сиромаштија постојано расте. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека речиси 452 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година. Стапката на сиромаштија од вкупното население е 21,8%, што е зголемување во однос на 2019 година кога овој процент изнесуваше 21,6. Според статистичките податоци, најголема сиромаштија има во четиричлените семејства, со две деца помлади од 14 години. Исто така, сиромаштија најмногу ја чувствуваат младите до 17 години 30,3%, потоа од 18 до 64 години со 21,1%, а најмал процент има кај пензионерите 13,4%, односно лицата над 65 години./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button