
Економските политики на Владата не даваат резултати, обвинува опозицијата. Промашена даночна реформа, намалено производство во индустријата, пад на бројот на вработени во фабриките. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Владата нема стратегија за развој на државата и вештачки ги зголемува податоците за реализацијата на капиталните инвестиции. Останатите тврдења на опозицијата дека државата не се движи во вистинска насока видете ги во вечерашниот Економски магазин на Алсат од 22 часот 20 минути.