ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Економски магазин“, очекувања за годинава, гостин – бизнисменот Горан Рафајловски

Актуелната криза нема да заврши ниту во новата 2023 година. Власта мора порационално да менаџира и да ги подобри инвестициските политики. Потребни се енергетски и инфраструктурни политики, зголемување на производството на храна и забрзано преструктуирање на извозот. Глобалните случувања на економски план не одат во корист на Македонија. Ова се само дел од поентите од интервјуто со претставникот од домашното стопанство, Горан Рафајловски во вечерашниот Економски магазин кој ќе се емитува во 22 часот и 20 минути на Алсат.

Advertisements

„Јас и тогаш апелирав Македонија да повлече што е повеќе средства и да ги имаме сега посткризно и да работиме сега на таа тема. Ниту имаше слух, ниту имаше разбирање. Ние кризата ја поминавме со, па да ви кажам – со социјални мерки од типот на обезбедување на плати или на средства на луѓето кои мораше да ги обезбеди, но ништо апсолутно не дадовме за стопанството да му помогнеме и да му олесниме да излезе од кризата неповредено“, вели Рафајловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button