ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

„Економски магазин“ за поскапувањата и мерките за ублажување на цените

Дали новиот бран на поскапувања може да биде скротен од страна на народните избраници? Во ситуација кога нема активни владини мерки за зачувување на куповната моќ на граѓаните, народните избраници се на тест. Дали конечно ќе се одважат и наместо за партиски цели ќе работат во интерес на граѓаните. Владеачкото мнозинство вели дека набрзо ќе има нови мерки за граѓаните и фирмите.

Advertisements

„Во ребалансот на буџетот има резервирани или одвоени средства во висина од 76 милиони евра кои што се токму за донесување на мерки, за поддршка на граѓаните и на стопанството“, рече Марија Георгиевска, СДСМ.

„Предвидено е зголемување на пензиите, 50% дел од трошоците се од индексот и 50% се од висината на просечната плата, предвидени се со ребалансот и 940 милијарди денари помош на компании за придонеси поради зголемување на минималната плата, како и 2.4 милијарди денари дополнителна помош во грантови“, рече Бедри Фазли, ДУИ.

Освен претставниците на власта во вечерашниот Економски магазин на Алсат своите аргументи ги дадоа и пратениците на опозициските партии. Според нив оваа владејачка гарнитура направила толку големи штети што сега веќе е доцна да се бараат било какви механизми за намалување на последиците.

„Намалување на ДДВ на основните прехранбени производи од 5%, намалување на ДДВ на нафта бидејќи нафтата денеска ќе има повисока цена и сите основните прехранбени производи ќе имаат повисоки цени бидејќи од денеска не важат мерките за намалување на ДДВ кои беа со 26-те преземени мерки пред три месеци“, рече Аднан Незири, Алијанса за Албанците.

„Најмалку што може економскиот тим на владата да направи за да ја подобри ситуацијата е да даде целокупна оставка, од прв до последен. Затоа што овие економски политики кои овој тим ги донесеа до ова дереџе, да имаме највисока инфлација од 94та година па навака, за 30 дена потрошувачката кошничка да се зголеми за 1300 денари“, рече Бојан Стојаноски, ВМРО-ДПМНЕ.
Во собранието подолг период се заглавени 50-ттина предлог закони од кои добар дел се наменети за подобрување на стандардот на граѓаните.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button