ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Економски потреси по руската агресија во Украина

Енергетската криза во Европа е една од посериозните последици предизвикана од војната во Украина. На годишнината од стартот на воените дејствија на Русија, глобалната економија не може точно да процени колкави се материјалните штети. Огромни, би кажале економистите ако се знае дека нема држава на стариот континент кој не ги чувствува последиците. Еден месец по почетокот на војната, за околу 10 пати се зголемија цените на енергенсите на берзите. Светот започна да стравува од студ, но и од глад.

Advertisements

„Најнепосреден ризик е кризата на трошоците за живот, додека најголема долгорочна закана се климатските промени“, се наведува на Светскиот економски форум.

Во Македонија, граѓаните негативните ефекти од војната во Украина ги почувствуваат преку намалената куповна моќ. Цените галопирачки пораснаа буквално на сите производи и услуги кои граѓаните секојдневно ги користат. Инфлацијата достигна рекордно ниво во регионот од 20 отсто, и покрај неколкуте мерки на Владата кои не дадоа резултат.

„Годинава ќе има стабилизирање и нормилизирање на состојбите, меѓутоа повторно ќе има висок процент од девет отсто на инфлацијата. Во 2024 година се очекува намалување на овој инфлаторен шок кога инфлацијата би се симнала на 2,5 отсто а веќе во 2025 година таа може да падне и под два проценти“, велат од Народната банка.

Поради тоа што македонската економија е зависна од соработката со странство, односно од извозот во западноп европските држави кои се соочуваат со сериозни пореметувања во нивните домашни економии, во следниов период ќе мора постепено да се обновува таа деловна активност.

Рецесијата, кризата со трошоците за живот и зголемениот долг на државите ќе бидат главните проблеми со кои ќе се соочуваат државите не само годинава, туку и во 2024 тата. Глобалната економија во следниот период ќе биде изложена на повеќекратни шокови, ќе доминира нестабилноста на економиите, а постои ризик да се појават сериозни социјални проблеми.

Тоа што охрабрува засега е дека во последнов квартал има намалување на цените на брзите на енергенсите и на храната. Колку тоа ќе остане така, зависи и од воените случувања во Украина.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button