

Alsat
08.09.2020 18:57
Негативниот пад на извозот за 32 отсо и увозот за 30,2 отсто во вториот квартал е очекуван имајќи во предвид дека во тој период поголемиот дел од стопанството беше затворено, велат од Асоцијацијата на превозници. Сепак последниците се големи бидејќи приходите во тие три месеци се намалиле за 50 отсто. Закрепнување ќе има кога целото стопанство ќе биде отворено и ќе започне со нормалниот начин на работа велат од Асоцијацијата.
„Генерално можам да кажам дека, според анкетите што ги правевме во тој период беше за 50 отсто намален приходот за разлика од истиот период лани во однос на работењето на транспортерите. Во периодот што следи се подобрува состојбата пред се заради тоа што државите се поспремни, се укинаа конвоите, се укинаа непотребното чекање на границите. “
За дел од економистите драстичнот пад на бруто домашниот производ за -12,7 осто отвара прашање дали годината ќе ја завршиме со проекцијата на владата од минус четири отсо или со поголем пад на економијата во земјава.
„Проблемите нема да се решат така брзо како што се мислеше претходно. Патем, во проекцијата на Standard & Poor’s за цела 2020 година, објавена пред неколку дена, се предвидува пад на македонската економија за 6%, што е значително полошо од другите проекции.Времето ќе покаже, секаде во светот, дали владините мерки за спас на работните места ги спречија или само ги одложија отпуштањата.Важно е да се биде реален. Ситуацијата е тешка и неизвесна. Потребна е брза акција.“
Ставот на владата е дека со кризата предивикана од Ковид-19 се справуваат добро, а според резулатите од првите два квартали од годинава растот на економијата ќе биде според нивната проекција од минус четири проценти.