ЕКОНОМИЈА

Еконономската размена меѓу Македонија и Бугарија на удар од политиката

Македонско- бугарските односи ја влошија бизнис соработката помеѓу двете земји. Бизнисмените поради политичките изјави ја губат меѓусебната доверба и не сакаат да соработуваат вели првиот човек на македонско-бугарската комора Зоре Темелковски. Корона кризата немаше толкаво влијание, колку што има влијанието на полтиката врз бизнисот вели Темелковски.

Advertisements

„Она што беше на македонско- бугарската комора таргет e да достигнеме една милијарда во размената за четири години и стигнавме до 900 милиони, но сега дојдовме до 400- 500 милиони евра, што претставува мал дел врз база на односите. Сега анонимни политички фигури почнуваат да влијаат на јавното мислење и поради корона вирусот почнува да ги менува позцииите. Жалам за ваквите настани, тука најмалку влијае корона вирусот, главен фактор е  недоволната доверба меѓу бизнис заедниците“, вели Темелковски.

Според Темелкоски, сега мора да се работи повторно отпочеток за да може да имаме поголема бизнис соработка, под услов бизнисмените да ја остават политиката настрана. Земјава кон Бугарија најмногу извезува храна и пијалоци додека пак увезува горива и хемиски производи..

Бугарија инаку важи за петти трговски партнер на земјава. Според податоците на државниот завод за статистика за првите девет месеци размената помеѓу двете земји е во вредност од 531 милиони евра.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button