ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Екс министерот за здравство, на лидерската позиција на СДСМ

Екс министерот за здравство, на лидерската позиција на СДСМ

Венко Филипче е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Поранешниот потпретседател на партијата во времето на Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, ја доби довербата од членовите на СДСМ на директни избори каде противници беа Јован Деспотовски и Аленсандар Бајдевски. Филипче рече дека СДСМ ја очекува многу работа и реформи за реорганизација.

ВМРО-ДПМНЕ оваа промена на раководството на социјалдемократите ја оцени како фарса, посочувајќи дека Филипче е само чувар на фотелјата на Зоран Заев. Според ВМРО, неговиот избор со 9.000 гласови не го спасува од кривична одговорност.

„Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев. Човекот е одговорен за погромот со ковидот, каде десетици илјади луѓе ги загубија животите, директно одговорен за матните тендери каде референцата за избор имал контакт на Жути кој доби милиони од стерилизацијата, или неговата хациенда на Водно веднаш до директорот на Клинички или пак модуларната болница за која Филипче не убедуваше дека кабелот е виновен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче дојде на чело на СДСМ во време кога партијата има само18 пратеници и неколку општини.Во својата програма како кандидат за претседател, Филипче вети дека ќе ја врати довербата на граѓаните во социјалдемократскиот концепт, дека ќе го продолжи бескомпромисниот пат на интеграција во ЕУ и националното единство./Алсат.мк
Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button