ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Екс министрите на ДУИ, со потпис дале „амин„ за укинување на балансерот

Екс министрите на ДУИ, со потпис дале „амин„ за укинување на балансерот

Европскиот фронт со денови е загрижен за укинувањето на балансерот или инструментот со кој се регулираше правична и соодветна застапеност во администрацијата. Но, додека беа на власт, функционерите на ДУИ се согласија СО усвојување на Стратегијата за реформи во администрацијата 2020-2030 година, која, меѓу другото, предвидуваше укинување на балансерот. Дента кога одлуката ја изгласа Уставниот суд, Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ, во друштво на неколку функционери, рече дека укинувањето на балансерот е сериозен удар за Охридскиот договор. Од неговата десна страна стоеше Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, кој на Фејсбук статус со изразени правописни грешки, исто така жестоко го критикуваше укинувањето на балансерот.

Advertisements

„Јас сум Албанец, како и 30% од граѓаните во оваа држава! Не постои суд или Влада што може да ни го укина ова право“, напиша Бектеши.

Но, додека беше министер за економија, Бектеши прифатил да се укине балансерот.

Како што може да се види, Бектеши го потпишал документот каде што е наведено дека министерството што тој го води нема забелешки и дава позитивно мислење за стратегијата.

Драматична беше и реакцијата на Бујар Османи, кој преку видео обраќање оцени дека се прекршил Охридскиот договор со одлука на Уставниот суд.

„Последиците од оваа одлука се драматични и трагични. Охридскиот договор се распаѓа, денеска паѓа балансерот, утре паѓа бадентерот“, рече Бујар Османи, ДУИ.

Но, додека беше министер за надворешни работи, и Османи ја имаше поминато низ свои раце Стратегија, за да даде препораки.

Османи во овој случај не препорача да се отстрани точката за укинување на билансерот, и потпиша дека нема забелешки. Како првите двајца колеги на ист начин постапи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Како што се гледа, има дадено голем број препораки, но нема забелешки за укинување на балансерот. На линија со министрите од ДУИ, беше и партнерот Алијанса за Албанците. Кренар Лога на Фејсбук пишува дека постои реален ризик од институционална нерамнотежа и нарушување на етничкиот баланс на малцинствата

Но, од функцијата министер за правда, Лога го потпишал документот и дал зелено светло за Стратегијата со која се укина балансерот.

Како што се гледа, во ниту една од препораките на Лога не фигурира прашањето за балансерот. Лога продолжува во своите реакции да ги потенцира прекршувањата на Уставниот суд, но тој е последен кој може да дава вакви оценки, бидејќи најголемото достигнување додека беше на функцијата му беа измените на Кривичниот законик, со кои овозможи многу функционери да се спасат од затвор, за злоупотреба на службената положба./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button