Екс вицепремирот Кочо Анѓушев на американската црна листа

Соединетите американски држави го ставија поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, на црната листа како генерално неподобен за влез во Соединетите американски држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција. Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во институции и јавни процеси.
денешната акција покажува дека САД ги поддржуваат оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. Со ова се потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.
Покрај Анѓушев, непдобни за влез во САД се и неговата сопруга Елизабета и децата Ангел и Огнен.