ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ексдиректорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, не е достапен за полицијата

Ексдиректорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во вчерашната акција „Адитив“ не е достапен за домашните органи на прогон, но полицијата ќе стори се што е рамките на нејзините надлежности, тој да биде изведен пред лицето на правдата. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање за шпекулациите во јавноста во однос на тоа каде се наоѓа Ковачевски и дали се откажал од македонското државјанство.

Advertisements

„Посоченото лице е во рамките на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Согласно информациите што ги поседувам, не побарало отпуст. Не би сакал да шпекулирам каде тој се наоѓа и би оставил органите на прогонот да постапуваат“, рече тој.

Според него, оваа акција е најголема што е спроведена во Македонија, од аспект на штета на буџетот која е сторена за време на енергетска криза.

„Ова се луѓе на кои им биле доверени високи државни функции од една страна, а од друга страна се луѓе што преку ноќ формирале фирми без вработени. Претходно се занимавале со продажба на канцелариски материјали, а наеднаш стануваат фирми што тргуваат со ваков тип на адитиви и заработуваат милионски суми на пари. Има и голем број на докази дека она што е плаќано е најмалку трипати повеќе од реалната цена“, кажа Тошковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button