СПОРТФУДБАЛ

Експерт објасни зошто е поништен голот на Шешко против Реал Мадрид!

На самиот почеток од првото соочување меѓу Лајпциг и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, Бенџамин Шешко стрелаше во мрежата на „кралевите“, но неговиот гол беше поништен и предизвика многу полемики.

Advertisements

Иако словенецот не беше во недозволена позиција, беше проценето дека Бенџамин Хенрикс му пречеше на голманот на Реал, Андриј Лунин, што ги спречи домашните предвреме да слават.

На почетокот многумина беа збунети од оваа одлука на судиите во ВАР-собата, но Павел Фернандез за „Марка“ ја анализираше оваа ситуација.

„Голот беше оправдано поништен поради офсајд на Хенрикс. Германецот не беше тој што шутираше, но јасно е дека му пречеше на голманот. Офсајд поради туркање на противникот”, изјави Павел Фернандез.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button