ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Амнестијата нема да ги реши лошите услови во затворите

Затворите во С Македонија се под меѓународните стандарди и во нив има проблеми, но не е сигурно дали ова прашање може да се реши со амнестија. Ваков беше заклучокот на правните експерти кои сметаат дека со законот за амнестија Собранието игра улога на судија.

Академик Владо Камбовски смета дека се донесе законот за амнестија, Собранието преку одредени корекции, влегува во сферата на казнената политика.

Но, професорот Светомир Шкариќ сметаше дека амнестијата е неопходна бидејќи затворите се пренатрупани, но додаде и дека овој процес се меша во судската власт бидејќи во формата во која се одвива овој процес, Собранието ја презема улогата на судска власт.

Шкариќ смета дека наместо амнестија, корисно би било за некои прекршоци наместо затворска казна до 6 месеци, осудените да се ангажираат за општо-корисна работа, но за тоа треба да се сменат некои закони.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button