ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Борбата против корупцијата серозно почна, да се истера правдата до крај

Експерти: Борбата против корупцијата серозно почна, да се истера правдата до крај

Полициските акции неделата што ја оставаме зад себе, познавачите на правните и кривичните околности ги опишуваат како позитивни. Професорот Митасин Беќири вели дека со акциите против организираниот криминал во кои биле инволвирани и поранешни високи функционери, се стекнува впечаток дека државата сериозно го сфатила прашањето за борбата против криминалот и корупцијата.

Advertisements

„Како што изгледа, власта озбилно сака да се бори со овој вид на зло. Тоа се сериозни дејствија, ми се допаѓаат таквите постапки, односно ако досега криминалот се премолчуваше или се бореше еднострано, сега треба да почнеме да го чистиме теренот од сопствениот двор„, рече Митасин Беќири, универзитетски професор.

Но, очекува правдата да оди до крај, и објективно да ги опфати сите, да не се бори само со членовите на одреден политички субјект, туку да одговара на секој што постапил спротивно на законите.

„Кај поранешните функционери, поранешни директори, па и сегашни, ако направиле криминал, ќе одговараат. Секој што ќе направи кривично дело, кој работи спротивно на законот мора да одговара. Само имам забелешка, не треба да чекаме некој да објави црна листа и потоа да започнат пријавите. Знаеме и за аферите овде, зошто овие афери се молчат 20 години, нема потреба да се молчи, работите мора трајно да продолжат, дури и борбата против злото, организираниот криминал, кој и да е, народот вели ако си изел лук, ќе смрдиш“, рече Митасин Беќири, универзитетски професор.

Во текот на неделата што ја оставаме зад нас, полицијата изврши рација на повеќе локации на лица и групи за кои постои сомневање дека се поврзани со организиран криминал и корупција. Истражни постапки беа отворени и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната лотарија, Пепарим Бајрами, но и двајцата и понатаму остануваат недостапни за органите на прогонот./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button