ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Експерти: Да се внимава на земјоделството во Отворен Балкан

Државите од регионот прво што треба да направат е заедничка координација и стратегија во однос на иницијативата Отворен Балкан. Не може да се отворат границите и да се дозволи непречен транзит на луѓе и стока без притоа да се знае што може да ги наруши индивидуални интереси на секоја од државите во регионот. Експертите подготвија истражување во кое се наведува дека посебен акцент Македонија треба да стави на земјоделството во однос на Отворен Балкан. Со други зборови, државава никако не смее да дозволи домашните производи да бидат неконкурентни во однос на оние кои ќе стигнат од увоз.

Advertisements

„Не треба да се заборави, кога дискутираме за цените на храната и за посебните структурни насоки кои ги имаме во државите. Ако се видат само индустриските производи, се гледа дека над 80 проценти и кај пченката и пченицата и сончоглед, доминира Србија. Ние имаме значаен придонес во раноградинарските култури. Пред да се оди во дополнително обединување и поврзување мораме аналитички да видиме кои се тие гранки и бенефити во кои можеме да придонесеме, и државата да може дополнително да инвестира да не се соочиме со промена на пазарите и заострување на цените и намалување на ресурсите во една економија“, рече Борче Треновски универзитетски професор.

Бизнисмените од преработувачката индустрија, како и од трговијата на големо и мало сметаат дека со иницијативата Отворен Балкан ќе се овозможи раст на економиите и подобрување на конкурентноста на фирмите од овие сектори.

„Сигурниот пласман на производите, откупот на нивните производи и да се стави фокус на политиката на субвенции. Односно да се субвенционира оние производи кои се дефицитарни во нашата земја“, рече Тамара Миовиќ Спасова, Невладина организација Аналитика.

Поминаа неколку години од стартот на Отворен Балкан, а според информациите Македонија досега најмногу профитирала во делот на туризмот.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button