МАКЕДОНИЈА

Експерти: Да се зголеми контролата на граничните премини за увоз на храна


Потребна е поголема контрола од страна на државните институции сега во време на пандемија од Ковид 19 на фабричките капацитети за производство на храна, предупредува експертската јавност. Професорот Какуринов смета дека се неопходни и построги контроли на увозот на храна посебно на самите гранични премини.

„Се работи за увоз на разно разни материјали. Секогаш фабриките за производство на храна ќе сакат да увезат или да искористат поевтини суровини, за да добијат поскап производ. Затоа тие инспекции мора да бидат поригорозни на нашите граници и во самите фабрики. Она што јас го знам е дека храната што кај нас се консумира можеме да кажеме дека е релативно безбедна“, вели Владимир Какуринов-претседател на македонска секција на светска организација на хигиенско инженерство.

„Дискутабилно е за храната која ја увезуваме. Не го знаеме начинот како се увезува. Тоа што стои дистрибутер за таа и таа компанија е нешто во што немаме увид. Не знаеме како да го провериме и како да влеземе во трага на тоа да видиме, дали тоа што го јадеме е квалитетно“, вели Џенгиз Јашар-професор на медицински факултет во Штип.

Експертите кои учествуваа на меѓународната конференција за квалитет и безбедност на храна во Охрид велат дека кога ќе има јасна одговорност, кој е одговорен и за што е одговорен тогаш и безбедноста на храната ќе биде гарантирана.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button