ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Експерти: Да се зголеми производството на храна и струја

Големата финансиска и енергетска криза заврши, но последиците оставија силен печат врз економиите на Западен Балкан., Македонија е меѓу земјите кои се уште ги трпат последиците од промените на цените, велат од „Фајненс тинк“.

За да се соочи со актуелната криза, Европската Унија одвои 3,5 милијарди евра за земјите од Западен Балкан, но делот одвоен за нашата земја не е доволен, државата потроши 3,2% од БДП само за субвенции за електрична енергија во Македонија. Од здруженијата од регионот велат дека слични проблеми ги преокупираат нивните економии.

„Нашите сознанија покажуваат дека не е доволно направено од владите за приватниот сектор, целиот фокус е на јавниот сектор. Овој пристап на инвестирање прво во јавниот сектор го следи и ЕУ, но во меѓувреме треба да се развијат други програми во приватниот сектор“, рече Бленди Хасај, Институт „ГАП“ Косово.

Сите овие анализи беа истакнати на економскиот форум „После бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност на Западен Балкан“, што денеска се одржа во Скопје. На овој регионален економски форум за земјите од Западен Балкан беа презентирани новите сознанија од неодамнешната криза на цените на храната и енергијата, од аспект на – животниот стандард на семејствата, конкурентноста на компаниите, фискалниот простор и регионалната интеграција.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button