Експерти: Довербата во судството може да падне на нула

Тројца претседатели за пет месеци се сменија на челната позиција во најважната институција на правосудниот систем, Судскиот совет. Павлина Црвенковска и Весна Дамева, по напуштањето на функцијата упатија различни обвинувања, за политички и бизнис влијанија, и вперување со прст кон колегите дека оваа институција е претворена анархија и место каде се задоволуваат апетитите на корумпираните судии и политичари. Но, кога експертската јавност очекуваше почеток на расчистување на ваквите состојби, со одговорност за пучистите кои предизвикаа невидена криза во оваа институција, еден од нив Сашко Георгиев, не само што не поднесе оставка, туку седна на претседавачката фотелја.
Постапката за разрешување на поранешната претседателка Весна не беше во согласност со процедурите и прописите, а со тоа и изборот на нејзиниот наследник. Овој пат, Судскиот совет зад затворени врати донесе важни одлуки.
Митровски рече дека по овие настани очекува довербата на граѓаните во судството, која лани беше преполовена од 8 на 4 отсто, годинава да падне на 0 отсто. Со оглед на тоа што новото „мнозинство“ на Судскиот совет неколку пати го спомена писмото на Агелер, останува да се види дали прекорувањата од американската амбасадорка за судиите кои дозволија застарување на случаите од висок профил ќе бидат земени предвид од новиот претседавач и дали тој ќе покаже волја за разрешување на посочените судии.
Ардит Рамадани