Експерти: „Државата да реагира за поскапувањата, да дава субвенции“

Допрва нè очекува раст на цените на храната. Државата мора посериозно да ја сфати оваа криза со храна, вели универзитетскиот професор Драги Димитриевски. Освен што државното земјоделско земјиште треба да се искористи максимално, дополнително Владата треба да ги зголеми и субвенциите за производство на основните земјоделски производи. Потребно е поголемо производство на житарки и сончоглед, вели професорот.
„Тешко дека маслото за јадење ќе се врати на ниво од пред оваа криза. Најверојатно цената ќе биде некаде на средина од она што е сега и таа што беше претходно“, вели Димитриевски.
Од Владата уверуваат храна во земјава ќе има доволно. Но, министерот за земјоделство не знае колкави се залихите до следната жетва на житото и на сончогледот со образложение дека тоа не е негова работа.
„Ние не водиме евиденција колку има. Значи ние сме задолжени за политиките кои се однесуваат во делот на производство на земјоделски производи….“, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.
Зејтинот пред неколку месеци беше првиот прехранбен производ кој за многу брзо време значително поскапе. Пота следуваше бранот поскапувања на сите производи. За една година месечната потрошувачка кошничка е повисока за 1.000 денари. И покрај ограничените маржи или претходно замрзнатите цени, во многуте анкети најголемиот дел од граѓаните рекоа дека не почувствувале никакво ублажување од ценовниот шок.
Иле Петревски