ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: На образовaнието му се потребни коренити промени

Во Македонија треба да се направат реформи од корен во образованието, почнувајки од програмите па се до централизирање на образованието по примерот на Словенија вели Владо Димовски, од Центарот за доживотно учење.

Advertisements

„Мора да се направи голема промена на програмите.Бирото за развој на образование има добар кадар, само треба да им се дадат одврзани раце, да направат добри образовни програми, кои ќе се применуваат во понатамошниот период.Треба да дојде министер кој го разбира образованието и кој ќе има сенс за подобрување на состојбите во образованието“, вели Владо Димовски, Центар за толеранција и доживотно учење.

Димовски вели дека новата Влада има време до септември да направи промени и да го отстрани сето она што не даваше резулати.

„Новите програми за септември ќе се прават допрва. Затоа што нов министер сигурно дека ќе преземе одредени активности во образованието.И има време да се направат.И првата работа што како домашна задача на новиот министер за образование е да обезбеди пари за учебници.Има време да се отпечатат, бидејки нема образование без учебници“, додава Димовски.

Од СОНК веќе највија дека ќе бараат од новата Влада да се отстранат сите недостатоци на кои укажувале наставниците за новиот образовен концепт, а кој од оваа учебна година се спроведуваше како пилот проект.

„Јас не знам дали концепцијата ќе продолжи да се реализира или можеби ќе има некаков прекин и некаков бај пас, додека оваа генерација не се истера до крај, меѓутоа сите оние забелешки кои колегите од терен ги даваат, кои кажуваат дека некои работи не се спроведливи, ќе бараме законски да се смени и практично со реализација да се направат промени“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Инаку најавите се дека целокупниот образовен ситем во државата од предучилишна возраст па се до високот образование ќе биде под капа на Министерството за образование.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button