ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Новиот закон за Судски совет не го искоренува политичкото влијание

Наместо да се зајакне улогата на Судскиот совет, оваа институција се задушува со политичко влијаније преку предлагање на лица од политичките партии, изјави во интервју за Алсат професорот Африм Османи. Како што објасни Османи, и во предлог-законот е предвидена можност членови да предлагаат и власта и опозицијата. Политичко влијание, според него, претставува и присуството на министерот за правда како член на советот. Во други земји од регионот, тоа не е случај, рече Османи.

Advertisements

„Тие нема да имаат право на глас, како што имаат другите членови, но ќе можат да учествуваат на секоја седница на Судскиот совет. Меѓутоа, ако се вратиме на другата страна, следејќи ги добрите практики не само на поразвиените земји, туку и на земјите од регионот, во ниту една од наведените држави не се составен дел на Судскиот совет ниту претседателот на Врховниот суд, ниту министерот за правда. Самото присуство на министерот за правда ќе биде сигнал за влијание на политиката од гарнитурата од која доаѓа министерот“, вели Османи.

Што се однесува до форматот, и со новиот закон, Собранието предлага и избира тројца членови на советот, но исто така го одобрува и предлогот за двајца други членови што ги предлага претседателот на државата. Трите членови што ги предлага Собранието поминуваат низ филтер, односно низ друг работен комисиски состав кој ја спроведува целата изборна процедура.

„Овој работен состав што го формира Комисијата за избори и именувања го предлагаат Здружението на судии на РСМ, Комората на адвокати и невладините организации кои се занимаваат со активности поврзани со човековите права, активности за судската пракса и слично. Исто така, предвиден е по еден член од власта и од опозицијата“, вели Османи.

Можното неизгласување на годишниот извештај на Судскиот совет во Собранието, според новиот закон, нема да има никакви правни или дисциплински последици ниту за претседателот, ниту за членовите на Судскиот совет. Според Османи, извештајот има повеќе информативен карактер. Во случај кога Собранието нема да го усвои извештајот, се отвора простор за дебата за работата на Судскиот совет.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button