ЕКОНОМИЈА
Експерти очекуваат дефекти во енергетските капацитети – електраните се стари

Зголемувањето на производството на електрична енергија е можно само теоретски, но не и во пракса, смета Митко Андреевски, консултант за енергетика, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што вели тој, електраните се стари и очекувано е да се појават дефекти.
„Статистиката покажала дека во 15 години нормално е да се појават дефекти, а тоа се стари електрани. Но, да се базира дека цела зима ќе се спасиме без рестрикции е премногу оптимистички за мене“, вели Андреевски.