ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Отворен Балкан нема тенденција да биде алтернатива за членството во ЕУ

Бизнис заедницата има различни очекувања за бенефитите што иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја има за економскиот раст на домашните економии. Економските експерти велат дека придобивките ќе бидат видливи за граѓаните и за стопанството ако без пречка патуваат, работат или инвестираат. Сепак за Отворен Балкан да стане реалност во 2023 државите треба да работат напорно, но и да се потрудат да ги убедат Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да се приклучат кон оваа иницијатива. Така регионот ќе стане економски посилен и ќе развие силна економија вели економскиот експерт Бранимир Јовановиќ.

Advertisements

„Не треба да се сфати дека Отворен Балкан е супституција за Европската унија . Отворен Балкан е една работа, членство и интеграција е друга работа . Ова сега што се направи не е доволно од два аспекта гледаме дека само три економии се приклучија во моментов не се приклучени Косово , Босна и Црна Гора се надевам дека наскоро и тие ќе се приклучат. Соработката не смее да остане на слободно движење на луѓе, добра и капитал, соработката мора да се зголеми и да оди во насока на водење заеднички политики, економски политики на регионот. Регионот мора да сфати дека е моќен само кога е заедно“, рече Јовановиќ.

Отворените граници ќе значат олеснување на превозот на стоки и услуги бидејќи на границите нема да се застанува а ќе се укинат и царините. И превозниците се надеваат дека и останатите земји ќе се приклучат.

„Целта треба да биде укинување на сите транспортни дозволи ако сакаме да имаме навистина слободен пазар не само на територијата на овие држави туку и надвор бидејќи бизнис потребите ги има и надвор од границите на државите. Очекувам дека и другите три држави ќе соберат сили и ќе придонесат да се здружиме бидејќи регионално ќе добиеме позитивни сигнали“, вели Билјана Муратовска, „Макамтранс“.

И претседателот на државата Стево Пендаровски иницијативата Отворен Балкан ја оцени како одлична подготовка на земјите за членство во ЕУ и дека очекува и приклучување на други држави. Албанија, Македонија и Србија  се обврзаа дека од 1 јануари 2023 „Отворен Балкан“ ќе стане реалност, границите помеѓу овие земји нема да постојат, ќе се организираат заеднички промоции на производи, но ќе се разменува и работна сила.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button