ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Политиката е главен уништувач на образованието, а не наставниците

Не се наставниците слаби и неефикасни, туку политиките на владата или на министрите за образование во зависност од тоа кој кадар од која партија доаѓа на оваа функција. Вака дел од наставниците одговорија на обвинувањата на министерот Фатмир Бесими дека наставниците треба повеќе да работат за да имаат повисоки плати.

Advertisements

Професорот Хавзи Мустафа вели дека за разлика од пред многу години, кога наставникот беше чесна личност, тој сега е во мизерна состојба, игнориран и под притисок на власта. Тој вели дека секој министер за образование доаѓа со нови идеи и програми со кои се отфрлаат образовните политики на неговиот претходник.

„Најлошото е што секој министер што ќе дојде она што е постигнато го враќа на нула… било за перманентно подигање на наставникот, или за инфраструктурата, или учебниците, гледате со каква содржина учат учениците. Донесоа различни закони кои ни министерството не ги спроведува… Во училиште на наставниците не им требаат многу закони, туку им треба мотивација….кога гледаме општо во кои училишта работат наставниците, со колку ученици работат, кои се условите да се биде креативен во училиштата, се гледа дека ниту едно училиште не ги исполнува условите, од тоалети до настава”, изјави Хавзи Мустафа, професор

Владо Димовски, наставник, вели дека за квалитетот на образованието се одговорни политичарите и институциите кои ги составуваат образовните програми, но и челниците на училиштата. Димовски вели дека политичките игри се главниот виновник за нискиот степен на настава во училиштата.

Обвинувањата на министерот Бесими, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вчера ги нарече навредливи и додаде дека кадрите кои ја напуштаат државата најдобро ја докажуваат работата на наставниците, но и на политичарите.

Министрите за образование, во последните три години се менуваа четири пати и секој од нив дојде на оваа функција со многубројни ветувања за реформи во образованието. Но, во овој период образованието се соочи со многу проблеми, немање услови, нови наставни концепти кои не беа имплементирани, недостиг на книги, затворање на училишта за време на пандемијата и неуспешна онлајн настава, која ја утврди и УНИЦЕФ. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button