ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕКСПЕРТИ: Пожарот во Тетово, потврда за слабоста и нефункционалноста на системот

Во Македонија не постои добро регулиран систем кој ќе ги заштити граѓаните од несреќи, велат експерти по безбедност коментирајќи го пожарот во Тетово. Државата забори дека пандемијата во исто време е здравствена, безбедносна, но и економска криза. На меѓународната конференција која во организација на Факултетот за безбедност се одржа денеска во Охрид, учесниците наведоа дека државата мора да го доуреди безбедносниот систем за управување со кризи, за заштита и спасување.

„И последниот настан во Тетово потврдува дека имаме системски слабости и нефункционалност и правна нерегулираност на безбедносно-политичкиот систем во земјава…“, рече Марјан Ѓуровски, Професор по безбедност.

„На начинот на кој се раководи, на начинот кој влегува и кој излегува од тие болници, како се третираат болните…. Доколку се утврди човечка вина мора да има одговорност. И таа одговорност не смее да биде колективна. Одговорноста мора да има име и презиме, кој бил должен да преземе нешто, а не презел“, изјави Никола Дујоски, Професор по безбедност.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button