ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Црната кампања ќе има влијание врз одекот на гласачите

Кампањата за локалните избори донесе промени што ги помести политичките партии од нивниот идеолошки концепт. Според експертите, менувањето на дискурсот ќе биде тест за тоа дали граѓаните ги прифаќаат или не новите концепти.

Advertisements

„ВМРО-ДПМНЕ прави транзиција во однос на промена на политичкиот менталитет бидејќи преминува од концептот Македонија на Македонците, Македонија на македонскиот народ во концептот Македонија на сите граѓани. Мислам дека тоа е важна промена не за ВМРО-ДПМНЕ, туку за државата и општеството воопшто“, вели Сефер Тахири, професор.

Поранешниот вицепремиер Васко Наумовски вели дека црната кампања ќе влијае на излезноста на гласачите. Според него, слабата излезност им штети на опозициските партии.

Директорката на „Имиџ ПР“, Ангелка Пеева Лауренчиќ смета дека независните листи за советници и независни кандидати не дале доволно во текот на оваа кампања, што според неа ќе влијае на поддршката на граѓаните кон нив.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button