ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Внимателно со промената

Укинувањето на квотата од 20 отсто за заедницата кој го зборуваат албанскиот јазик треба да биде безусловно со укинување на механизмот за балансер и бадентер, предупредуваат експертите. Иако оваа иницијатива има за цел албанската заедница да не се ограничи со број, туку да биде втората државотворна заедница во земјава, Башким Селмани оценува дека ВМРО ДПМНЕ ја користи како мамка за други уставни измени. Тој вели дека албанскиот блок треба да внимава што прифаќа за возврат за компромис од 2/3 од гласовите, што треба да ја има и поддршката од македонските партии.

Advertisements

„Ова е само политички поттик од ВМРО, кој постојано во одредени ситуации кога се стабилизира политичката состојба во државата знае повторно да отвора теми со кои Албанците секогаш ги користи како алатки. 20 отсто врз основа на студиите што ги имаме, правата на Албанците се реализирани само 11,5% само вработување во јавната администрација, но не и други функционални прашања. Ако се тврди дека треба да се отстрани поимот „20 отсто“, тогаш се уништува се што е уставно и таа правна војна што цело време ја водевме“, изјави Башким Селмани, правен експерт

Мухамед Халили, пратеник во првиот парламентарен состав, вели дека самиот попис докажал дека Албанците не се малцинство и дека маргинализацијата од 20 отсто излегла од игра со резултатите од пописот.

Халили вели дека Албанците привремено ја прифатиле оваа маргина под притисок на САД и ЕУ во преговорите за Охридскиот рамковен договор, еден од договорите постигнати по вооружениот конфликт во 2001 година.

„Сите македонски интелектуалци беа против претставувањето на Албанците по име и презиме бидејќи нивната теорија беше дека во Македонија постои столб народ – Македонци и други мали етнички заедници, како што е споменато во Преамбулата на Уставот, што е погрешно од почеток. Сега е време да се поправи оваа грешка со тоа што ќе влијае на правичната и соодветна застапеност“, изјави Мухамед Халили, поранешен пратеник на РСМ

Лидерот на ВМРО Мицкоски во саботата изрази подготвеност за дијалог за отстранување на 20%, а со него и бадентер, кој гарантира двојно гласање на законите коИ можат да ги загрозат малцинските права. Лидерот на ДУИ Ахмети рече дека отстранувањето на 20 отсто нема да ги остави Албанците на цедило додека првиот човек на Алијанса Села рече дека се за отстранување на 20 отсто доколку се изгласа Законот за правична и соодветна застапеност, а педложи и дводомен парламент. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button