ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експертот по уставно право Прешова: Иницијативата за референдум страда од сериозни недостатоци, а писанието на претседателот на Собранието е под секое ниво

Додека иницијативата очигледно страда од сериозни недостатоци поради кои би било нормално да се очекува истата да биде одбиена како неуредна поради ненадлежност на Собранието, врз основа на Уставот и Законот за референдум, писанието на претседателот на Собранието наречено известување е под секое ниво и е базирано на класично силување на процедурите и правото, вели експертот по уставно право, доцент на „Јустинијан Први“ при УКИМ, д-р Денис Прешова.

Во објава на неговиот фејсбук профил тој вели дека целата сага околу граѓанската иницијатива за референдум и фамозното известување на претседателот на Собранието повторно ни укажува дека изворот на проблемот воопшто не е Договорот со Бугарија, туку недозволивото непознавање на конкретната материја и сеопштата и сеприсутна импровизација.

Според експертот по уставно право, содржината на известувањето од Џафери е несериозно и не доликува на највисокото претставничко тело во државата.

„Целосно е прекршена процедурата за постапување по граѓанска иницијатива и нема начин како тоа може да испере или оправда. Исто така, она што е напишано во известувањето не ни личи на образложение и е крајно несериозно и не доликува да излезе од носителот на законодавната власт и највисокото претставничко тело во државата. Воедно целата приказна околу известувањето станува уште попроблематична доколку се сфати дека намерно е направено со цел да се оневозможи било какво правно оспорување, што би било возможно во случај Собранието да донесеше заклучок. Впрочем истата оваа тактика Џафери ја искористи и околу наводната неможност Собранието да се свика при прогласена вонредна состојба поради тоа што претходно се самораспоштило поради одржување на предвремени парламентарни избори“, вели Прешова.

Во продолжение е подолгата објава во пет точки во која доцент Прешова го аргументира неговиот став.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button