ВЕСТИРЕГИОН

Експертската комисија со предлог мерки за железничкиот транспорт во Грција по несреќата

Збир на итни, краткорочни и среднорочни мерки за безбедно, уредно и ефикасно функционирање на железничкиот транспорт во Грција, предлага Експертската комисија за железничката несреќа кај Темпи при која на 28 февруари годинава загинаа 57 лица.

Извештајот од Комисијата бил доставен до надлежните, а нивните заклучоци се однесуваат на откривање и истакнување на проблемите во железничкиот транспорт. Во соопштението кое го пренесува новинската агенција Миа е наведено дека нивната задача не била откривање на одговорностите, нешто што „согласно Уставот и законот им припаѓа само на надлежните судски органи кои веќе со забрзано темпо работат во оваа насока“.

„Главна грижа на членовите на Комисијата беше по анализата на околностите на трагичната несреќа да се истакнат и идентификуваат проблемите во целата структура на инволвираните во работата на железничкиот транспорт, органи, организации и власти и во извршувањата на овластувањата на физичките или правните лица, а особено да се предложат решенија, кои ќе придонесат, во рамките на другите истраги, студии, предлози и иницијативи на релевантните органи, во преземањето на сите потребни мерки што ќе спречат исти или слични несреќи во иднина, пишува Комисијата во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button