Експертските групи од МНР на С Македонија и Бугарија се состанале во Скопје

Состанок на експертските работни групи на министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Република Бугарија вчера се одржал во Скопје, соопштија од Министерството за надворешни работи.
„Во текот на состанокот двете страни заемно се информираа за текот на реализацијата на преземените ангажмани согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Протоколите од одржаните средби на Заедничката меѓувладина комисија согласно чл. 12 од Договорот“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Инаку, во соопштението е потенцирано и дека посебно внимание во разговорите било посветено на главните теми од билатералниот политички дијалог, активностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка и комуникација во функција на зацврстување на меѓусебната доверба.
Соопштение со истата содржина објави и бугарското Министерство за надворешни работи.