ВЕСТИСВЕТ

Експлозија во ресторан во Чешка, шест лица загинаа

Најмалку шест лица загинаа, а осум се повредени во пожар во ресторан во градот Мост на северозападот на Чешка. Пожарот, како што информираа итните служби, настанал по експлозија на боца со пропан-бутан.

Advertisements

Според првичните информации од очевидци, пожарот се случил по превртување на греалка на гас.

Шестмина од повредените, во тешка состојба се пренесени во болниците во Мост и Прага.

Од ресторанот и околните згради пожарникарите евакуирале 30 други лица. Од угостителскиот објект било извлечено и тешко повредено лице кое било заглавено во тоалетот.

На местото на несреќата интервенирале 12 противпожарни екипи, кои спречиле објектот целосно да изгори.

Причината за пожарот и предизвиканата материјалната штета во моментов се под истрага.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button