СВЕТ

Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица

Експлозија во Романија, повредени најмалку 13 лица

Најмалку 13 лица се повредени денеска во експлозија во трговски центар во североисточна Романија, соопштија локалните власти.

Еден од повредените е во тешка состојба и е интубиран, а 10 се со разни трауматски повреди и изгореници и добиле лекарска помош, пренесува АП.

Мобилна единица за интензивна нега е испратена на местото на експлозијата во градот Ботошана, во областа Сучава, соопшти итната помош.

Ангажирани се хеликоптери на брзата помош, а на терен се испратени две возила на брзата помош и две противпожарни возила за гаснење на пожарот.

Според првите извештаи, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата, ниту дали се повредени клиенти или членови на персоналот. /Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button