СВЕТ
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија првпат води во анкета

Додека Германија ја чека формализирањето на коалицијата меѓу конзервативците ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократите (СПД), екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) излезе на првото место во анкетата организирана од Ипсос.
Според мерењата таа води со 25 отсто, еден отсто повеќе од ЦДУ/ЦСУ кои победија пред 40 дена на сојузните избори.
Ова е првпат АфД да води на анкета во германската историја. Се смета дека ова би можело да врши притисок врз другите партии да се зближат уште повеќе.