ЕКОНОМИЈА

Eлектронски ќе се следи планирањето и реализацијата на рамномерниот регионален развој

Преку електронски систем ќе се следи планирањето и реализацијата на рамномерниот регионален развој. Станува збор за систем за следење на  националните фондови за рамномерен регионален развој што треба да обезбеди транспарентни и структурирани информации за да се намалат разликите во степенот на развиеност меѓу урбаните и руралните општини, како и меѓу Градот Скопје и остатокот од државата.

Advertisements

Системот предвидува собирање, користење и архивирање на сите податоци за планирање, спроведување, следење и оценување на политиката за рамномерен регионален развој. Дигитализацијата, според властите ќе овозможи да се добијат точни податоци како се делат парите од државниот Буџет и да се тргне фамата дека во некоја општина или регион не се инвестира или државата недоволно инвестира. Вредност на проектот е пет милиони швајцарски франци од кои 3,3 милиони се од Швајцарската Влада, а остатокот од државниот Буџет.

„Системот ќе овозможи да се направат анализи дали некој регион е запоставен во овој период или не, а доколку се утврди дека е запоставен Законот предвидува можност следната година тој регион да добие повеќе средства од различните министерства, фондови и институции и тоа да биде координирано преку Советот за рамномерен регионален развој“, рече Горан Милевски министер за локална самоуправа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button