МАКЕДОНИЈА

Елези: ДУИ не е партија, туку е октопод на криминали

Албанската опозиција го обвинува првиот вицепремиер, Артан Груби, за проширување на пазарот на казина во земјата преку луѓе блиски до него. Неодамна, според Радио Слободна Европа, 19-годишник од Куманово го добил тендерот за набавка на машини за коцкање, што е доказ и за тоа како луѓето блиски до Груби и ДУИ се тесно поврзани со коцкањето.

„Внукот на Али Ахмети пред извесно време беше главен лик со купувањето на „Соравија“, додека денеска е 19-годишен кумановец кој ќе купува апарати за коцкање. Астрономската кирија од 2,6 милиони евра за просториите на Државна лотарија ги доби фирма чиј управител е братучед на Артан Груби, додека тендери во Државна лотарија добиваат постојано фирмите „Арбериа дизајн“ и „Медиа груп дооел Тетово“, кои се регистрирани на истата адреса“, вели Амир Елези, Европско движење за промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button