
Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за престојните два натпревари од Лигата на Нации. Еден од повратниците во националниот тим е Агон Елези кој е оптимист дека може да оствариме победи на престојните натпревари.
„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Целта ни е првото место. Почеток на сезоната е, сите сме максимално спремни и желни за успех. Во модерниот фудбал нема предвреме добиени натпревари. Фарски острови се незгоден ривал. Мора да се прилагодиме и на вештачката трева, но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија цели кон првото место во групата и веруваме дека имаме квалитет да го направиме тоа. Но треба да покажеме и на терен“, вели Елези.
Македонија за три дена ќе биде гостин на Фарски Острови во Торшван, додека на 10 септември во Скопје ќе ја пречекаме репрезентацијата на Ерменија.