ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Елката и куќарките од лани веќе се на плоштадот во Скопје
Елката и куќарките од лани веќе се на плоштадот во Скопје

Украсувањето на скопскиот плоштад за новогодишните празници започна со поставувањето на долго коментираните куќарки годинава, кои беа тргнати од скопскиот плоштад во април годинава.
Пред неколку дена беше поставена и елката, додека украсувањето на центарот на Скопје и програмата што ќе се одржи на плоштадот остануваат една од најкоментираните теми меѓу жителите на главниот град.
Граѓаните се сеќаваат на времето кога на скопскиот плоштад имаше импресивна атмосфера за новогодишните празници.
Но, од Град Скопје се уште нема изјава за тоа колку пари ќе се потрошат за украсување на градот за Нова година, дали ќе има прослава на плоштадот и колку пари се одвоени за дочек на Нова година./Алсат.мк
Авни Тахири