СПОРТФУДБАЛ

Елмас: Ние ќе излеземе на терен да го одиграме планираното

По поразите од Украина во Скопје (2-3) и бламажата во Манчестер со Англија (7-0), Македонија има тешка мисија и дуел против гигантот Италија. Квалификацискиот циклус за Европското првенство продолжува против актуелниот бранител на трофејот на ова натпреварување.

Advertisements

Еден од оние кои најдобри ги познаваат италијанските репрезентативци е Ељиф Елмас. Асот на Наполи на средбата со „седмата сила“ го најави дуелот против фаворитот.

„Очекувам доста промени под водство на Спалети. Го познавам доста добро. Очекувам висок пресинг и офанзива со посед на топка. Тој бара 90 минутен пресинг. Не знам колку ќе успее да го наметне своето за овој краток рок како селектор, па ќе видиме како ќе изгледаат. Ние ќе излеземе на терен да го одиграме планираното. Италија ќе истрча за победа, но колку ќе дозволиме да игра зависи од нас“.„Ние соиграчите некогаш се „пецкаме“, ама се респектираме. Чест и задоволство е да играме против себе за националните тимови. По освоеното скудето и убавите моменти со Спалети, среќен сум што пак ќе се видиме. Додека почне натпреварот сме пријатели, потоа секој на својата страна и за својата држава“, изјави Елмас.

Македонија тргна во групата Ц со победа над Малтежаните, меѓутоа потоа следеше лошиот јунски прозорец. Против Украинците, момците на Милевски покажаа добра игра и доминираа во првиот дел, па водеа со 2-0. Сепак, во продолжението се распаднаа, па следеше пораз дома од 2-3 и потоа најтешката ноќ за фудбалот во земјава во Англија.

Foto: Gol.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button