ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Елми Азири од Алијанса предложен за трет потпретседател на Собранието

Собранието почна да ја разгледува иницијативата за назначување потпретседатели. Како што дознава Алсат, Алијансата за Албанците доставила предлог, потпретседател на Собранието од албанската опозиција да биде пратеникот на оваа партија, Елми Азири. Во меѓувреме, лидерот на Алијансата изјави дека е на став против големиот број потпретседатели во Собранието, но додава дека раководните позиции во законодавниот дом треба да бидат според законот, да има тројца потпретседатели, а не пет како што одлучи спикерот Џафери.

„Потпретседателот на Парламентот е исто така и во буџетскиот совет на Парламентот, особено затоа што во рамките на дијалогот ‘Жан Моне’ Парламентот ќе има свој буџет. Затоа ние не сме против тоа да имаме потпретседател, но да го почитуваме правилото како што се почитува во Државната изборна комисија и на други места, тоа да се одразува и во Парламентот. Тоа значи дека еден претседател и двајца потпретседатели се доволни.“

Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат во ставот да не номинираат потпретседател на Собранието од нивните редови, затоа што велат дека да се има пет потпретседатели не е во согласност со законот.

ВМРО-ДПМНЕ не предложи потпретседател од своите редови ниту во претходниот парламентарен состав.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button