
Талентираниот бразилски фудбалер Ендрик погоди во победата на Реал Мадрид од 3-1 против Штутгарт во првото коло од Лигата на шампиони (ЛШ) и така испиша историја.
Ендрик стана најмладиот стрелец во ЛШ за „кралевите“ во историјата и така најави дека ќе пишува уште многу рекорди во дресот на шпанската екипа.
Интересно е тоа што Ендрик досега има одиграно 23 минути за шпанскиот гигант и постигнато два гола.