ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Енергетска криза, Струга ќе поставува штедливи светилки, Охрид ќе ја анализира состојбата

Делови од туристички Охрид и Струга ќе потонат во мрак зимава. Локалните власти ќе штедат струја, а како дел од препораките и мерките за заштеда на електрична енергија.Од општина Струга велат дека поради тоа што со буџетот за оваа година не било предвидено поскапувањето на струјата за 3 до 4 пати, ќе се преземат мерки за шедење во јавното осветлување.

Advertisements

„На терен ќе се врши поставување на уреди во 208 мерни единици низ градот и селата во Струга. Селективно исклучување ќе се врши во некои делови од градот и селата на рационален начин, со што ќе се елиминира злоупотребата и истовремено ќе се заштеди. Апелираме до сите граѓани на разбирање, ветувајќи дека работиме за доброто на градот и граѓаните“, наведуваат од општина Струга.

И во општина Охрид,ќе се прави план, како да се преброди зимскиот период.

„Прифатени ќе бидат сите препораки кои доаѓаат од владините институции. Заедно со другите локални самоуправи преку ЗЕЛС ќе се бараат начини за штедење на енергија. Во наредниот период, по направените аналази, локалната самоуправа ќе го максимизира штедењето на енергенсите во јавните претпријатија и институции кои се во надлежност на општината“, велат од општина Охрид.

Поради повисоките сметки за струја за месец јули, во однос на претходните месеци, добар дел од угостителските објекти на охридско- струшката ривиера, планираат да стават клуч на врата.

„Ако продолжат со овие цени, до наесен до октомври, нема да има шанса за 40 вработени, кои што моментално работат во објектот, да продолжат со работа, ќе мора да ставиме клуч на врата на локалот“, рече Ана Митреска, маркетинг менаџер на угостителски објект.

Таа вели дека ако за јуни сметката за струја била 2000 евра, за јули добиле сметка од 5000 евра. Дополнителен товар за охриѓани ќе биде и зголемувањето на цената на комуналните услуги, од досегашните 2,4 денари на 3,4 денари по метар квадратен.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button