
Колку владините мерки дадоа резултат за справување со енергетската криза? Колку се задоволни компаниите од помошта од државата? Власта убедува дека навремено реагирала и оти добро се справува со состојбата. Колку ќе нè чини енергетската криза како држава? Ова се само дел од прашањата и дилемите кои се отворија во емисијата Економски магазин која ќе се емитува на Алсат во 22 часот.
„Енергетската криза ја чини нашава држава, според извори блиски на Владата, се шпекулира со цифра од 250 милиони евра. Опозицијата и одредени експерти од опозицијата тврдат дека ќе биде 500 милиони, а од одредени независни кругови спомнуваат цифри можеби и до 700 милиони евра“, рече Трајан Ангеловски, претседател на ССК.