ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Енергетските компании ги доставуваат трошоците до Регулаторна

Утре истекува рокот за доставување на пресметките на трошоците на енергетските компании кои влијаат врз крајната цена на домаќинствата и малите потрошувачи. Според информациитена Алсат дел од енергетските компании ги прават последните пресметки за цената на струјата, а дел веќе ја доставија документацијата до Регулаторната комисија за енергетика каде се решава која компанија колкав дел од колачот ќе добие. Од МЕПСО велат дека сѐ уште ја правеле математиката, а рокот за доставување е утре и тврдат дека ќе го испочитуваат.

„Пресметките сѐ уште се прават, утре ќе ги доставиме до РКЕ“, наведуваат од МЕПСО.

Од ЕВН кратко ни соопштија дека си ја завршиле обврската и сега го чекаат регулаторот да го каже последниот збор.

„ЕВН Хоме и Електродистрибуција ја исполнија законската обврска и поднесоа трошоци до Регулаторната комисија за енергетика“, велат од ЕВН.

Регулаторот е дециден дека нема да ги земе во предвид непродуктивните трошоци на компаниите кои евентуално би биле вметнати во трошоците по кои се пресметува крајната цена на струјата. На тендерот на ЕВН Хоум државната ЕСМ понуди цена на електрична енергија од 56 евра за периодот јануари – јуни 2023 година. На јавниот повик тоа беше и единствената понуда која пристигнала за снабдување на Универзалниот снабдувач за домаќинствата и малите компании.

Оваа цена е за 16 отсто повисока од актуелната од 48 евра за мегават час струја која ЕСМ ја продава на приватната енергетска компанија. Трошокот за производство на еден мегават час според надлежните е 73 евра. Краен рок за објавување на цената е 31ви декември.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button