СПОРТФУДБАЛ

Енис Барди: Mногу среќен што сум дел од Трабзон

Енис Барди повторно се бори за првотимски статус во Трабзонспор откако македонскиот репрезентативец беше во плановите на првите единаесетмина на Ненад Бјелица, но ситуацијата се промени откако хрватскиот стратег доби отказ.

Advertisements

Барди во меѓувреме е поврзуван со трансфер во Унион Берлин каде за тренер беше именуван токму Бјелица, но нашиот репрезентативец во изјавата по вчерашниот куп-натпревар најави дека планира да остане во Трабзон.

„Искрено, јас сум многу среќен што сум дел од Трабзон. Како и секој друг фудбалер, среќен сум кога играм, не ми е сеедно кога сум на клупата, но секогаш ги почитувам одлуките на тренерот. Ова беше добра сезона, ја почнав одлично, а потоа дојде до пад во формата. Сепак, работам напорно за да се вратам на нивото од првите неколку месеци. Горд сум што играм за Трабзон, клуб во кој очекувањата секогаш се највисоки, во град во кој 24 часа дневно се зборува само за фудбал“, изјави Барди.

Македонскиот репрезентативец сезонава настапи на 11 средби за Трабзон, на теренот мина вкупно 764 минути, период во кој постигна два гола и две асистенции./ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button